Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Левица: Да се фалиш со „раст“ на номиналниот БДП кога државата се задолжува милијарди евра не е успех

29 мај 2026

Нуклеарната централа Запорожје повторно остана без надворешно напојување

29 мај 2026

Костадиновски: Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот

29 мај 2026

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да шири обвинувања дека Вучиќ е вмешан во „Сараево сафари“

29 мај 2026

Стоилковиќ во интервју за кинеска телевизија: Имаме огромен потенцијал за соработка

29 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 29
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Левица: Да се фалиш со „раст“ на номиналниот БДП кога државата се задолжува милијарди евра не е успех

Press OnlineBy Press Online29 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 



Да се фалите со „раст“ на номинален БДП во услови кога државата се задолжува со милијарди евра и кога администрацијата масовно троши буџетски средства во првите квартали, не претставува економски успех, туку вештачко пумпање на статистика.

Реалната економија кажува сосема друга приказна. Според макроекономските бројки на Народна банка, имаме пад на земјоделското производство, пад на индустриското производство, зголемен увоз и намален извоз. Домашното производство слабее, а економијата сè повеќе се потпира на задолжување, увоз и јавна потрошувачка наместо на вистинска продуктивност и развој.

Економската логика е едноставна, не може да има реален и здрав раст на БДП кога клучните производствени сектори бележат пад. Ова што се претставува како „економски успех“ е во голем дел инфлаторен и фиктивен раст. Номиналниот БДП може да расте поради инфлација, поскапувања и задолжувања, но тоа не значи дека граѓаните живеат подобро.

Напротив, потрошувачката кошничка е драстично зголемена. Од ден на ден луѓето сè потешко купуваат основни намирници, платите не го следат растот на цените, а животниот стандард опаѓа.

Исто така, бројките кои ги истакнува Христијан Мицкоски се проекции на ММФ, што нам не ни дава некаква сигурност дека тие може да се исполнат и дека таква ќе биде ситуацијата. Гледаме дека глобалните текови се менуваат од ден во ден и фалење со фиктивни предвидувања е само чиста манипулација.

Народот не живее од статистички презентации и политички спинови, туку од тоа дали може да ја наполни кошничката, да ги плати сметките и да живее достоинствено. А реалноста денес е дека огромен дел од граѓаните не го чувствуваат тој „раст“ со кој власта секојдневно се фали.

Поврзани содржини

Костадиновски: Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот

29 мај 2026

Стоилковиќ во интервју за кинеска телевизија: Имаме огромен потенцијал за соработка

29 мај 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

29 мај 2026
НАЈНОВО

Левица: Да се фалиш со „раст“ на номиналниот БДП кога државата се задолжува милијарди евра не е успех

29 мај 2026

Нуклеарната централа Запорожје повторно остана без надворешно напојување

29 мај 2026

Костадиновски: Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот

29 мај 2026

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да шири обвинувања дека Вучиќ е вмешан во „Сараево сафари“

29 мај 2026

Стоилковиќ во интервју за кинеска телевизија: Имаме огромен потенцијал за соработка

29 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.