Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Експлозија го потресе Монако – меѓу тројцата повредени и еден од најбогатите Украинци

30 јуни 2026

Тамара Аџиска е проведената професорка од Штип која барала поткуп од 300 евра за студент да положи

30 јуни 2026

АНАЛИЗА: Ризик од демографски колапс, земјата може да падне на 1,5 милиони жители, спасот е членство во ЕУ

30 јуни 2026

Пожарникари спасуваа луѓе од автобус потопен во кал и вода во Австрија (видео)

30 јуни 2026

Вучиќ ги повлече законите за судството, ЕУ планира да ја награди Србија

30 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

АНАЛИЗА: Ризик од демографски колапс, земјата може да падне на 1,5 милиони жители, спасот е членство во ЕУ

Press OnlineBy Press Online30 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На годишно ниво државата може да губи и по 22 000 жители. Трендот на иселенички егзодус не само што не запира туку може и да се влоши. Во 2023 та година бројот на жители ќе се „спушти” по 1 600 000 , пишува Порталб.



Скорешното членство во ЕУ би ја спречило депопулацијата а позицијата на државата пред вратите на ЕУ ќе ја засили. До Собранието адресирана ревидираната Стратегија за регионален развој која нотира загрижувачки демографски трендови.

Населението се “ситни” , се намалува бројот на живородени

Без скоро членство во Европската Унија , на Р. С Македонија и се заканува егзодус, годишно може да губи и по 22 500 граѓани кои неповратно би ја напуштиле државата. Новата ревидирана Стратегија за регионален развој на РСМ 2021-2031 открива алармантни демографски прогнози. Од сега па за пет години, вкупната бројка на населението ќе се спушти под 1 600 000 жители.

“Според изготвената проекција на населението, опаѓање на бројот на населението се очекува во наредните години, а во 2032 година вкупната бројка на население би изнесувала 1.588.524 жители. Тоа значи намалување во однос на 2021 година за 13,5%” – се наведува во ревидираниот документ.

Според проекциите, годинава бројот на жители ќе се намали на 1.748.858 што е за дури 22 500 жители помалку во однос на лани.

 

Проценки за број на жители

 

2025 година 1.771.351

 

2026 година 1.748.858

 

2027 година 1.724.757

 

2028 година 1.699.108

 

2029 година 1.671.875

 

2030 година 1.643.450

 

2031 година 1.613.645

 

2031 година 1.588.524

 

Извор : Стратегија за регионален развој 2021-2031

 

Анализата разработува неколку демографски сценарија, едно од нив е државата наскоро да не се приклучи кон Европската унија.

“Регресивно сценарио: Ова сценарио се поврзува со можноста членството во Европската Унија да се одложи. Очекувањата се дека во сегашни услови на просторна и економска организираност на руралниот простор, работоспособното население ќе продолжи да се одлива главно кон градските населби и надвор од државата. Ваквата емиграција во комбинација со намалената стапка на наталитет, неминовно ќе доведе до силно понатамошно демографско празнење на овие простори” – се нотира во Стратегијата.

Во второто сценарио, доколку државата стане членка на ЕУ во следните 10 години тоа би резултирало со поповолна економска клима, подобра основа за одржување на умерено миграциско салдо и засилен економски раст а во најоптимистичкото сценарио кое предвидува скорешно членство во ЕУ , понатамошната депопулација ќе биде ублажена па дури и спречена.

“Оптимистичко сценарио: Се поврзува со можноста РСМ да стане дел од Европската Унија, да се пренасочат и стимулираат правците на внатрешните миграциски движења и да се создадат услови за доселување од странство. Со поголемите инвестирања би се создала можност за вработување и би се приближиле кон вредностите на стапките на вработеност и невработеност во земјите од ЕУ.” – пишува во ревидираната Стратегија.

Неповратното иселување на младо и работоспособно население целосно ќе ја промени демографската “карта” на државата која се повеќе е под закана од “стареење”.

“Демографските проекции за нашата држава се негативни односно учеството на лицата над 65 години ќе се искачи на над 34% до 2055 година, бројот на лица над 80 години ќе се зголеми повеќе од шест пати во однос на состојбата во 2024 година, додека работоспособното население ќе се намали за речиси половина милион лица, што дополнително ќе ги засили притисоците врз јавните финансии” – наведоа и ревизорите во анализата “Стареење на населението”.

Длабокиот демографски проблем со кој се соочува државата го потврди и Заводот за статистика – сумираните податоци за 2025 та покажаа дека во дури 66 општини има негативен природен прираст , однос повеќе починати од живородени, што е последица главно на иселување на наталитетот, младо население во странство. Бројот на живородени деца на годишно ниво е намален за 4,1%



Поврзани содржини

Тамара Аџиска е проведената професорка од Штип која барала поткуп од 300 евра за студент да положи

30 јуни 2026

Уапсена професорка од УГД: Побарала 300 евра од студент за да положи испит

30 јуни 2026

Гори дива депонија во Шуто Оризари, пожарникарите интервенираат на терен

30 јуни 2026
НАЈНОВО

Експлозија го потресе Монако – меѓу тројцата повредени и еден од најбогатите Украинци

30 јуни 2026

Тамара Аџиска е проведената професорка од Штип која барала поткуп од 300 евра за студент да положи

30 јуни 2026

АНАЛИЗА: Ризик од демографски колапс, земјата може да падне на 1,5 милиони жители, спасот е членство во ЕУ

30 јуни 2026

Пожарникари спасуваа луѓе од автобус потопен во кал и вода во Австрија (видео)

30 јуни 2026

Вучиќ ги повлече законите за судството, ЕУ планира да ја награди Србија

30 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.