НАЈНОВО
Автор: Press Online
Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, веднаш излегоа на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов”, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. По извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и уличното осветлување, при што веднаш се изречени најстроги законски казни и санкции кон инвеститорот за непочитување на обврските и предизвикување штета врз јавната инфраструктура. Паралелно со инспекцискиот надзор, екипи на Општина Центар излегоа на терен и веднаш презедоа мерки за обезбедување на локацијата. Поставени се сигурносни појаси…
Компјутерскиот техничар кој е осомничен за аферата во претседателскиот кабинет која како можен шпионски случај го истражува Обвинителството всушност бил пензионер кога било пријавено дека копира фајлови од компјутер во кабинетот. За Телма ова го потврдија два извори запознаени со проблематиката. Осомничениот бил припадник на елитната армиска специјална единица Волци каде бил подофицер надлежен за врски и комуникации во единицата. Бил преземен од Кабинетот во времето кога аѓунтант на тогашниот Претседател Ѓорге Иванов беше генералот Васко Ѓурчиновски. Осомничениот ја вршел истата функција и во кабинетот на Стево Пендаровски, а продолжил и во третиот за него кабинет- актуелниот на Силјановска Давкова.…
– Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор и оти претпоставените смртни случаи достигнале 220 лица. – Итно ги забрзуваме операциите, но во моментов епидемијата нè престигнува – рече Гебрејесус и додаде дека земјите кои граничат со ДР Конго, каде што е жариштето на заразата, мора веднаш да преземат соодветни мерки. Претходно денеска Уганда соопшти за уште два случаи на заразени со ебола, со што бројот на пациенти со потврдена болест достигна седум. СЗО го прогласи жариштето на…
Премиерот Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Владата утре во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата по пречекот во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот Пленковиќ, а во 11:15 часот ќе се одржи владина билатерална средба во хотел „Инекс Олгица“. Како што соопшти Владата, потоа е предвидено двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското…
Снимка од Бранко Милиќевиќ, најпознат како Бранко Коцкица, како го гледа стуидентскиот протест од балконот на зграда на плоштадот Славија во Белград, стана вирално на социјалните мрежи. Фотографот Гаврило Андриќ го снимил познатиот актер и поранешен советник на Српската напредна партија, според описот на видеото, како намќоресто ги гледа собраните граѓани на митингот „Ти и јас, Славија“, објавува „Нова.рс“. Бранко Коцкица беше советник на Српската напредна партија (СНС) во Градското собрание на Белград, а од таа позиција поднесе оставка во септември минатата година. И покрај ова, во ноември 2025 година беше виден во близина на Пионерскиот парк додека минуваше…
Најџел Фараж е под зголемен притисок да обезбеди докази за неговото тврдење дека руски хакерски напад спонзориран од државата стои зад откривањето на подарокот од 5 милиони фунти што го добил од крипто милијардерот Кристофер Харборн. Партијата Реформирај го Обединетото Кралство тврдеше во текот на викендот дека анализата на телефонот на Фараж од страна на „експерти за контрашпионажа“ сугерирала дека „телефонот, е-поштата и банкарските сметки на Фараж биле компромитирани од непријателски актери, речиси сигурно поврзани со Москва, користејќи тактики на spear phishing“, пред Гардијан да открие детали за неговиот непријавен подарок минатиот месец. Фараж изјави за Mail on Sunday дека…
Фатмир Битиќи ја повика министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска да се појави во Собранието и да даде одговори за задолжувањето од 260 милиони евра и новата Фискална стратегија 2027-2031. Во објава на социјалните мрежи, Битиќи праша дали министерката ќе дојде во законодавниот дом или повторно ќе објави „нов статус на Фејсбук за аргументирање на задолжувањето“. Тој најави и дополнително прашање за, како што наведува, можна нова должничка епизода од околу 350 милиони евра за сервисирање на остатокот од еврообврзницата во јуни. „Ако аргументите и бројките се на ваша страна, тогаш утре изнесете ги таму каде што се носат одлуките за…
Словенечките власти ги предупредуваат возачите за зголемениот број лажни веб-страници што продаваат е-вињети. Измамниците им наплаќаат на возачите значително повеќе за вињети од официјалната цена преку измамнички веб-страници или воопшто не доставуваат валидна вињета, поради што ризикуваат високи казни, објавува Ревија ХАК. Покрај тоа што плаќаат вињета по значително повисока цена поради високите провизии што ги наплаќаат препродавачите, купувачите се соочуваат и со посериозни ризици. Една од опасностите е што препродавачот не ја купува е-вињетата од словенечкиот оператор DARS откако ќе ја прими уплатата, оставајќи го купувачот и без пари и без вињетата. Исто така, имало случаи во кои препродавачот,…
Премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут денеска во Белград разговараше со претседателката на Националниот совет на Македонското национално малцинство, Зорица Митровиќ, за подобрување на положбата на припадниците македонското малцинство, и во таа прилика изјави дека Србија и Северна Македонија се братски и пријателски земји, ориентирани кон соработка, почитување и заеднички просперитет. „Националните малцинства се вистинското богатство на оваа земја, на што сме горди“, рече Мацут и додаде дека почитувањето на различноста и еднаквоста на сите граѓани е основа на здраво и прогресивно општество. Мацут рече дека националните совети се партнери на државата во остварувањето на правата и слободите на припадниците…
Главниот ирански преговарач со САД Мохамад Багер Галибаф повторно е избран за претседател на иранскиот парламент – Меџлисот на Исламската Република. Во саботата Галибаф во Техеран се сретна со командантот на пакистанските вооружени сили Асим Мунир во рамки на тековните дипломатски напори за решавање на регионалните тензии. Претседателот на парламентот изјавил дека иранските вооружени сили ги обновиле своите капацитети за време на примирјето и дека, доколку САД имаат непромисленост „повторно да ја обноват војната, последиците ќе бидат уште поразорни и погорчливи“. Неодамна беше објавено дека Галибаф ќе биде задолжен и за односите со Кина, што е важен ресор со оглед…
Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо верува на политиките на Радев дека уставните измени се последната препрека за нашиот влез во ЕУ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Но, не само што уставните измени не е последната препрека, туку не е ниту последно барање на Бугарија.На видео од 2019 година, слушаме како сегашниот премиер на Бугарија, Румен Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија. Ова е од периодот кога Филипче и Заев се власт и секако немаа никаква осуда за овој говор на Радев. Филипче да одговори,…
Во моментот кога Европската унија почна да го пишува договорот за приспапување на Црна Гора владата во Подгорица реши драматично да го спушти тонот во односите кон Хрватска и да разговара за барањата на Загреб кои стојат како пречка за членството на земјата во Унијата. Црна Гора е целосно свесна дека нејзиниот пат кон ЕУ води и низ Загреб и е подготвена да ги реши отворените прашања со Хрватска во најдобар интерес на двете земји и нивната заедничка иднина, изјави министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ, како што објавија црногорските медиуми во понеделникот. „Целосно свесна дека нашиот пат кон…
