НАЈНОВО
Автор: Press Online
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата го отфрли германскиот предлог за доделување на придружно членство во ЕУ на Украина, бидејќи тоа би го оставило Киев без глас во блокот. „Не може да има комплетен европски проект без Украина, а местото на Украина во Европската Унија мора да биде целосно и еднакво“, рече Зеленски во објава на X. „Важно е да се отворат кластерите“ за областите на преговори, рече тој. „Важно е да се постигне значаен напредок во преговорите. Важно е да се работи стопроцентно за безбедноста и за нашите луѓе“, нагласи Зеленски. Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи Украина да добие…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најавува нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“. Тошковски: И навистина сум крајно разочаран, крајно сум разочаран од она коешто беше како чекор преземен од страна на Јавното обвинителство не заради друго, заради тоа што овде има очигледна теорија на случај којашто можеби се граничи со теорија на заговор, како што кажавте и вие, од старт. Многу чудно зошто во овој временски период се случуваат токму овие работи поврзани токму со истиот ‘доминус литис’ во рамки на постапката. Многу чудно. Ќе каже времето зошто е тоа така. Јас не можам во оваа…
Иран ја искажа својата подготвеност да го отстрани својот високо збогатен ураниум на барање на САД, под услов да биде наменет и складиран во Кина, изјавија извори за Ал Арабија. Тие додадоа дека Техеран сака гаранции од Пекинг пред да постигне договор со Вашингтон. Високи извори ја потврдија согласноста на Иран да го предаде ураниумот на Ал Хадат. На 24 мај, „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на тројца ирански функционери, објави дека судбината на збогатениот ураниум ќе биде дискутирана со САД во рок од 30 до 60 дена. Двајца американски функционери, пак, изјавија за весникот дека договорот вклучува целосно откажување…
Свлечиште на земјата настанало денеска во општина Центар при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Денеска (25.05.2026) околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. “Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло, нагласуваат од МВР. Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот и улицата,…
Фото: „360 степени“ Тошковски беше прашан дали се потребни два месеци за да се обезбедат копии од видеонадзорот од кабинетот на шефот на државата. Тошковски: Прво, пак ќе повторам, не ми е јасно зошто јавното обвинителство во овој случај оди со такви детали во јавноста. Во оваа фаза од постапката. Тоа не ми е јасно. Второ, она што јас го кажав, а е во согласност со сето она што сме го работеле во минатото, е дека станува збор за еден прекраток временски период што воопшто не е невообичаен за постапување од страна на Министерството за внатрешни работи. Трето, Министерството за…
Здравствена тревога е издадена во северниот италијански регион Ломбардија откако во покраината Комо беа откриени два сомнителни случаи на ебола. Случаите се однесуваат на жена од Лурате Качивио и маж од Булгарограсо кои се вратиле од Уганда во последните 24 часа со други членови на нивните семејства откако поминале околу три месеци таму како хуманитарни работници. И двајцата развиле симптоми конзистентни со вирусот ебола, вклучувајќи висока температура, гадење, повраќање и цревни проблеми. Тие брзо беа префрлени во болницата „Сако“ во Милано, специјализирана установа за управување со заразни болести со висок ризик, каде што се во тек тестовите потребни според националните…
Ардијан Џини е избран за нов лидер на десничарската Алијанса за иднината на Косово (ААК) на вчерашното изборно собрание на партијата, откако долгогодишниот претседател Рамуш Харадинај поднесе оставка во февруари годинава, пренесува весникот „Коха диторе“. Џини беше единствениот кандидат за функцијата на вчерашното заседание. Харадинај упати кратко последно обраќање како претседател, во кое истакна дека од 2000 година, кога имал 32 години, му служи на Косово и на неговиот народ како лидер на ААК. – Имав чест со ваша поддршка да бидам избран за пратеник на сите парламентарни избори и двапати за премиер. Ти благодарам, Алијансо, за нашиот заеднички пат…
За разлика од обвинителството кое прави работи коишто не треба да ги прави, јас не сакам да си дозволам да влезам во фаза каде што навистина би направил нешто што не треба да се направи – рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на новинарско прашање зошто Министерството за внатрешни работи, според ОЈО ГОКК, не одговара на наредбата и ургенциите од ОЈО ГОКК во случајот со јавната набавка за надзорот над изградбата на автопатиштата од „Бехтел и Енка“. Иако станува збор за наредба што Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја испратило уште во 2024 година, Тошковски вели оти…
СДСМ денеска на прес конференција ги посочи лагите на Христијан Мицкоски за економијата и животниот стандард, откако, како што тврди партијата, премиерот пред изборите ветувал подобар живот, повисоки плати и економија во која „ќе биде многу подобро“, а сега граѓаните, според нив, живеат потешко и едвај врзуваат крај со крај. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, порача дека Мицкоски ги излажал граѓаните кога ветувал економски пресврт. Според неа, по две години власт, нема подобар стандард, нема повисоки плати и нема подобар живот за граѓаните. Партијата тврди дека секојдневието на граѓаните е влошено, а платите остануваат меѓу…
Во периодот од јануари до март годинава, бројот на туристи во Грција се зголемил за 38,3 отсто, додека пак приходот за земјата од туризам бележи пораст од 64,3 проценти, покажуваат податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во првите три месеци од 2026 година Грција ја посетиле 3,4 милиони туристи, наспроти 2,5 милиони во истиот период лани, а драстично се зголемени, за 84,3 отсто пристигнувањата преку копнените гранични премини, додека пак преку аеродромите има зголемување од 18,8 проценти. Од земјите-членки на ЕУ, Грција ја посетиле 1,8 милиони туристи (намалување од 51,5 отсто во споредба со истиот…
Група измамници во италијанскиот регион Тоскана фалсификувале и пуштиле во оптек десетици илјади монети од две евра. Експертите ги опишаа овие фалсификати како исклучително успешни и многу опасни за економијата, бидејќи е речиси невозможно да се разликуваат од вистински пари. Група измамници во италијанскиот регион Тоскана фалсификувале и пуштиле во оптек десетици илјади монети од две евра. Експертите ги опишаа овие фалсификати како исклучително успешни и многу опасни за економијата, бидејќи е речиси невозможно да се разликуваат од вистински пари. Главни осомничени се тројца кинески државјани на возраст од 37, 47 и 51 година. Тие нелегално увезувале компоненти за изработка…
Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, веднаш излегоа на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов”, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. По извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и уличното осветлување, при што веднаш се изречени најстроги законски казни и санкции кон инвеститорот за непочитување на обврските и предизвикување штета врз јавната инфраструктура. Паралелно со инспекцискиот надзор, екипи на Општина Центар излегоа на терен и веднаш презедоа мерки за обезбедување на локацијата. Поставени се сигурносни појаси…
