НАЈНОВО
Автор: Press Online
Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо верува на политиките на Радев дека уставните измени се последната препрека за нашиот влез во ЕУ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Но, не само што уставните измени не е последната препрека, туку не е ниту последно барање на Бугарија.На видео од 2019 година, слушаме како сегашниот премиер на Бугарија, Румен Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија. Ова е од периодот кога Филипче и Заев се власт и секако немаа никаква осуда за овој говор на Радев. Филипче да одговори,…
Во моментот кога Европската унија почна да го пишува договорот за приспапување на Црна Гора владата во Подгорица реши драматично да го спушти тонот во односите кон Хрватска и да разговара за барањата на Загреб кои стојат како пречка за членството на земјата во Унијата. Црна Гора е целосно свесна дека нејзиниот пат кон ЕУ води и низ Загреб и е подготвена да ги реши отворените прашања со Хрватска во најдобар интерес на двете земји и нивната заедничка иднина, изјави министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ, како што објавија црногорските медиуми во понеделникот. „Целосно свесна дека нашиот пат кон…
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ упати остри критики до Владата и министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, по најавите за законски измени со кои треба да се привлечат големи технолошки компании за изградба на дата центри за вештачка интелигенција (ВИ) во Македонија. Од иницијативата децидно порачуваат дека вакви објекти „не смее да има во државата“, обвинувајќи ја власта дека свесно ги премолчува катастрофалните последици врз животната средина и локалното население. „Имено Дата центрите трошат енормни количини електрична енергија при што најновите центри можат да користат енергија колку десетици илјади домаќинства, а најголемите објекти што се градат денес се очекува…
Годишниот аџилак – хаџот, еден од петте столба на исламот, официјално започна денеска во услови на нестабилно примирје во иранската војна и зголемени регионални тензии и неизвесност. Повеќе од 1,5 милиони аџии пристигнаа во Саудиска Арабија, соопшти претставникот задолжен за хаџот, Салех бин Саад ал Мураба. Аџилакот е еден од петте столба на исламот и секој муслиман кој има можност треба да го изврши најмалку еднаш во животот. Тој опфаќа низа ритуали што се изведуваат најмалку четири дена во Мека и во нејзината околина, во западниот дел на Саудиска Арабија. Вообичаено, првиот ден многу аџии во Мека се собираат во…
Денес во Жупанискиот суд во Загреб е примена пријава за бомба, потврди полицијата во Загреб за Индекс. „Свесни сме за извештајот и ги утврдуваме сите околности“, велат од полицијата. Зградата се евакуира и во тек е безбедносен преглед на просториите. Покрај тоа што обвинителниот одбор за Костањевиќ требаше да се одржи во 9:30 часот за скандалот Хиподром, на кој се очекуваше негово спогодување со УСКОК, закажано е и рочиште за 12 часот во случајот против Виктор Милаковиќ и другите во голем скандал со дрога. Засега сè е одложено и прашањето е дали овие рочишта воопшто ќе се одржат денес.
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство вчера е донесена малолетничка со породилни болки. По пријава од Клиниката приведена е нејзината мајка, а со таткото е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител. – На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки. Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен…
Повеќе од десет лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска во белградската населба Дорќол, кога трамвај излета од шините и удри во зграда на аголот меѓу улиците „Цар Душан“ и „Книќанинова“. Според првичните информации од местото на настанот, трамвајот требало да продолжи право по улицата „Цар Душан“, но под сè уште неутврдени околности продолжил кон спореден колосек, по што излетал од шините и удрил во објект покрај патот. Очевидци сведочат дека по ударот настанала паника меѓу патниците. Дел од нив се обидувале да ги отворат вратите и прозорците за да излезат од возилото, а некои искокнувале од…
Десетици илјади жители на Јужна Калифорнија сè уште се надвор од своите домови откако се случи сериозен инцидент со огромен резервоар исполнет со токсична хемикалија во индустриски објект во округот Оринџ. Службите за итни случаи во Јужна Калифорнија продолжија да се тркаат со времето во текот на ноќта за да спречат евентуално истекување и катастрофална експлозија на огромен резервоар исполнет со токсична хемикалија, додека десетици илјади жители сè уште не можат да се вратат во своите домови поради сериозна закана по здравјето и безбедноста. На околу 50.000 луѓе во округот Оринџ им беше наредено да се евакуираат минатата недела од…
Во делови на грчкиот остров Крит, уапсени се 20 лица, членови на криминална организација за измами поврзани со европските земјоделски субвенции, со нанесена штета од над три милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е акција за разбивање на конкретната криминална организација чии членови се вмешани во измама на штета на финансиските интереси на Европската Унија, како и во поднесување лажни изјави. Меѓу уапсените 20 лица во четири различни области на Крит, се и двајца сметководители и тројца одговорни лица во Центрите за поднесување пријави. – Нелегалната финансиска корист…
Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“, кој вчеравечер се одржа во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“, свечено беше заокружено годинашното чествување на сесловенските просветители во Рим, во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација, во своето обраќање истакна дека делото на светите браќа Кирил и Методиј претставува траен духовен и цивилизациски темел на словенската писменост, култура и идентитет. – Нашата земја е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото – порача Љутков, нагласувајќи дека македонското духовно и културно наследство…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска повтори дека ќе поднесе оставка, наведувајќи дека потоа ќе се види дали ќе има парламентарни или претседателски избори за 90 дена. Доколку поднесе оставка, им изјави тој на новинарите во Пекинг каде е во посета на Кина, функцијата и овластувањата на претседателот ќе ги преземе претседателот на Народното собрание. Не наведе кога би го повлекол тој потег. Тој додаде дека не е некој што сака да седи во својата фотелја до крајот на животот, „како некои други“, пренесоа белградските медиуми. Вучиќ изјави дека, доколку поднесе оставка, изборите мора да бидат распишани во рок од…
Во Франција е прогласен жолт метеоаларм во 18 департмани поради силниот топлотен бран, а истото предупредување од денеска се воведува и за Париз и неговите предградија, додека британската метеоролошка служба предупредува дека топлотниот бран во таа земја денеска би можел да собори три рекорди. „Метео Франс“ соопшти дека оваа година е обележана со рано доаѓање на исклучително топло време, со утрински температури меѓу 14 и 20 степени Целзиусови и попладневни температури кои достигнуваат од 32 до 35 степени, пренесува весникот „Фигаро“. Максималните температури остануваат многу високи за ова доба од годината, а топлотниот бран се протега сè посеверно, со температури…
